Детали за несреќата на „Гоце Делчев“ - удрил во моторче, па во столб

 

24-годишниот Ф.Л. Со тешки повреди е пренесен на скопските клиники. 

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за несреќата на булеварот „Гоце Делчев“. 

Како што соопшти МВР, возачот на „бмв-то“ удрил тинејџер кој возел моторче, па удрил во столб.

-Во 16.40 часот во СВР Скопје е пријавена  сообраќајна незгода  на бул.Гоце Делчев во Скопје во која учествувале патничко возило "бмв" со скопски регистарски таблички, управувано од Ф.Л. (24) и мопед "пиаџо"  управуван од М.С. (19), по што возилото “бмв” удрило во столб. Со телесни повреди се здобил Ф.Л.. . Увид извршила екипа на СВР Скопје, велат од МВР за Press24.

18.10.2024 - 18:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега