Денеска (23.10.2025) околу 11:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилески-Бато“ и сервисна улица од трговски центар во Скопје патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н. од Скопје, удрило во пешаците Г.К.(40), М.К.(39) и уште две малолетнички, сите од Скопје, а потоа удрило и во семафор.

Во несреќата со повреди се здобиле пешаците, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увидот е во тек.

Exit mobile version