Вкупна штета од над 15 милиони денари (околу 245.000 евра) му нанел на буџетот на прилепската болница „Борка Талески“ главниот благајник, кој утрово е лишен од слобода од страна на Финансиската полиција.

Против Д.К., вработен како самостоен референт – главен благајник, е поднесена кривична пријава за „проневера во службата“. Според истрагата, тој во период од две години (2020 и 2021), парите што граѓаните ги плаќале на шалтерите за партиципација и приватни услуги, наместо да ги уплати на банкарската сметка на болницата, ги присвојувал за себе.

„За 2020-та година присвоил парични средства во износ од 6.568.726 денари и за 2021-ва година присвоил парични средства во износ од 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница… во вкупен износ од 15.063.284 денари“, соопштија од Финансиската полиција.

Exit mobile version