Десет штетни навики - ако ги правите ви се заканува откажување на бубрезите

 

Бубрезите се меѓу најважните органи во телото, но честопати не сме свесни за тоа. Тие играат витална функција во телото: ја филтрираат крвта, детоксифицираат, ги апсорбираат минералите, произведуваат урина, произведуваат хормони и ја неутрализираат киселината.

Ова се десетте смртоносни навики што ги уништуваат бубрезите…

1. Слабо пиете вода

Како што споменавме, филтрирањето на крвта и отстранувањето на токсините се важни функции на бубрезите. Ако вашето тело е хронично дехидрирано, токсините може да се насоберат и да ги ви ги уништат бубрезите.

2. Премногу ја посолувате храната

Секојдневното внесување големи количини на сол доведува до висок крвен притисок, што им создава голем стрес на бубрезите. Лекарите предлагаат да јадете до 5 грама сол дневно.

3. Често го одложувате одењето во тоалет

Доколку се воздржувате од мокрење, тоа може да предизвика застој на работата на бубрезите, уринарна инконтиненција, камен во бубрег и болест на бубрезите.

4. Јадете премногу благо

Премногу шеќер може да ги оштети вашите бубрези. Научно докажано е дека луѓето кои консумираат два или повеќе слатки напивки дневно имаат многу протеини во урината, што е прв знак на лошо функционирање на бубрезите.

5. Недостиг на витамини и минерали

Недостигот на витамини и минерали е поврзан со појавата на различни болести, меѓу кои и создавање на камен во бубрегот.

6. Јадете многу месо

Ако јадете многу месо, особено црвено, се зголемува метаболичкото оптоварување на бубрезите и доведува до умор, што на крајот доведува до оштетување на бубрезите и нивна дисфункција. Обидете се да јадете што помалку месо, а што повеќе зеленчук.

7. Пиете алкохол

Алкохолот е токсин кој доведува до оштетување и застој на работата на бубрезите.

8. Кофеин

Исто како и солта, кофеинот го покачува крвниот притисок и создава голем стрес за бубрезите.

9. Злоупотреба на лекови против болки

Земањето аналгетици честопати претставува стрес за бубрезите, предизвикувајќи нивно оштетување. Наместо да посегнувате по средства за ублажување болки, пробајте народни лекови за намалување болки.

10. Малку спиете

Сонот го зајакнува целото тело, а недостигот на сон ги уништува органите, со самото тоа и бубрезите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега