Деркоски: Единствена темна дамка врз нашата работа фрли хакерскиот напад

Можам да кажам, а во исто време да им се заблагодарам на колегите за одличната соработка, иако бевме состав од различна политичка провиниенција. Сметам дека завршивме добра работа овие две и пол години – референдумот, па претседателските избори и предвремените парламентарни избори во услови во пандемија, изјави за Утрински брифинг Оливер Деркоски поранешниот претседател на ДИК.

Единствена темна дамка фрли хакерскиот напад на серверот за објава на резултатите. Се поставивме да не дозволиме да се врши политички притисок, вели Дерковски и додава дека се надева дека ќе дојдеме во ситуација стриктно професионалци да ја водат ДИК, а не претставници од политичките партии.

Гледам најави од политичките учесници, но не гледам конкретен чекор и штета би било измени во изборен законик да се носат во 5 до 12. Но ако се случат сега, тогаш може да се направат добри решенија во изборниот модел, да се регулира членот кој што го уредува избирачкиот список, вели Дерковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега