Денеска сончево и топло време - температури до 33 степени

Времето денеска изутрина ќе биде  свежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 33 степени Целзиусови.

До четврток ќе се задржи стабилно време, а од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи

12.09.2023 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега