Православните христијани денеска го празнуваат преносот на моштите и чудата произлезени од нив на светиот Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски.

Овој голем светител во народот е познат како Атанасовден и неговиот спомен се одбележува двапати во текот на годината.

„Празникот Свети Атанасиј, или како што е познат кај народот, Атанасовден, се слави двапати во годината: еднаш на 15-ти мај, денот на упокојувањето на светителот и на 31-ви јануари како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи Св. Атанасиј Велики и Св. Кирил Александриски“, се наведува во црковниот календар.

Светителот е роден во Александрија во 296 година и уште од најраното детство бил наклонет кон духовниот призив.

Како ѓакон кај архиепископот Александар, тој го придружувал на Првиот Вселенски Собор во Никеја, каде се прославил со својата ученост, благочестие и ревност за Православието.

По смртта на Александар, Свети Атанасиј бил избран за архиепископ Александриски. На овој престол останал над четириесет години, период во кој речиси сиот живот бил изложен на прогонства.

Exit mobile version