Денеска облачно, но топло- викендов следи освежување

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе до 31 степен.

До утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а локално во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 08:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега