Денеска Меркел на билатерална средба со Еди Рама - За што ќе разговараат?
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја продолжи својата посета на Западен Балкан денеска во Тирана, каде што ќе има билатерална средба со албанскиот премиер Еди Рама, со кого ќе разговара за билатерални и економски прашања, како и за приближувањето на земјата кон Европска унија.
Канцеларката ќе присуствува потоа на ручек со премиерите на сите земји од Западен Балкан, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка, по што ќе следи прес-конференција.Пред враќањето во Берлин, Ангела Меркел ќе има билатерални средби со шефовите на владите на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово, соопшти германската амбасада во Тирана.
Советот на министри на Босна и Херцеговина објави дека на состанокот на Ангела Меркел со лидерите на Западен Балкан ќе присуствува претседавачот Зоран Тегелтија, кој потоа ќе има билатерална средба со германската канцеларка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа