Денеска го славиме светецот, чувар на православието - што да направите ако некој ви дојде на гости

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 август.

Денеска е Св. патријарси Александар, Јован и Павле.

Сите овие беа патријарси на цариградската катедра во разни времиња. Првиот, Александар, во времето на цар Константин кој се смета за заштитник на православието, се упокои во 340 година на свои 98 години. Свети Јован Посник беше патријарх во шестиот век. Последниот, Павле, раководеше со цариградската црква во осмиот век во тек на осум години, а потоа се повлече од престолот во тихување. Имено, сметаше дека не е достоен да раководи со Црквата како таков кој едно време беше приклонет кон ереста на иконоборството.

На овој ден оние кои имаат гости треба да ги понудат со ракија на прагот од својот дом.

Ако гостите доаѓаат во дом во кој овој празник е куќна слава, треба да се крене чаша и да се наздрави - „Кој слави и крева чаша, него славата и луѓето го чуваат, да слави многу лета и години, се подобро и подобро“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега