Во пресрет на утрешниот втор круг од локалните избори, денеска гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и лицата во домашен притвор.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), пријавени и одобрени за гласање во домашни услови се 4.826 болни и изнемоштени лица. Денеска гласаат и лицата во затворите и во домашен притвор од општините каде што се одржува вториот круг.

Во меѓувреме, од полноќ започна изборниот молк, кој ќе трае сѐ до затворањето на гласачките места утре во 19 часот.

Утре (недела, 2 ноември) се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас во овој круг имаат 1.013.375 граѓани.

Дополнително, ќе има и гласање за членови на совет на три избирачки места во општина Шуто Оризари.

Гласачките места утре ќе бидат отворени од 7 часот наутро до 19 часот.

Целиот изборен процес ќе го следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 се странски, а 651 се меѓународни.

Exit mobile version