На овој свет ден, Православната црква се потсетува на два спротивни патишта: патот на грешната жена која со солзи и скапоцено миро ги помаза нозете на Спасителот, и патот на Јуда, кој за 30 сребреници Го предаде својот Учител.
Додека жената го жртвуваше своето највредно богатство за да добие прошка, Јуда го продаде Непроценливиот за да задоволи минлива страст. Денешниот ден нè повикува на длабоко размислување – дали во нашите срца преовладува љубовта и жртвата или саможивоста и материјалното?
На Велика Среда последен пат се изговара молитвата на Св. Ефрем Сирин со големи поклони и завршуваат великопосните богослужби, подготвувајќи нè за светите страдања на Христос.

