Општина Тетово информира дека на вонредна седница, одржана преку видео-конференциска врска, Советот донел одлука со која понеделник, 1 декември 2025 година, се прогласува за Ден на жалост на целата територија на општината.
Одлуката е донесена поради смртта на истакнатиот пејач Шпат Касапи, кој почина на 26 ноември на 40-годишна возраст.
Во одлуката на Советот на Општина Тетово се потенцира значајниот придонес на починатиот: „Шпат Касапи даде значаен придонес во развојот на културата и музиката во општина Тетово, во Република Северна Македонија и на албанската музичка сцена.“
За време на Денот на жалост, се препорачува јавните установи, правните лица и граѓаните да се воздржат од организирање на свечености, забавни и музички настани.
Пејачот Шпат Касапи беше погребан вчера, во недела, 30 ноември, на гробиштата на Исламската верска заедница во Тетово.

