Close Menu
    Најново

    Град Скопје до граѓаните: Исчистете си ги оџаците

    04.12.2025 во 18:52

    Teшка сообраќајка кај скопска обилколница – две лица завршија на Клиники

    04.12.2025 во 18:47

    Измамена жена од Битола: Криминалец ја олеснил за 20.000 евра

    04.12.2025 во 18:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Град Скопје до граѓаните: Исчистете си ги оџаците
    • Teшка сообраќајка кај скопска обилколница – две лица завршија на Клиники
    • Измамена жена од Битола: Криминалец ја олеснил за 20.000 евра
    • Путин со ултиматум: Русија ќе го заземе целиот Донбас ако Украина не се повлече
    • Фон дер Лајен се дистанцира од корупцискиот скандал во ЕЕАС – Брисел под притисок
    • Жолто предупредување: Можно излевање на реки – бидете внимателни
    • Трагичен крај по долгата потрага: Семјеството потврди – Миле Тодоров е пронајден починат
    • Најлошите свекрви се раѓаат во четири знаци
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ден на македонската револуционерна борба

    Ден на македонската револуционерна борба

    23.10.2025 во 10:09Updated:23.10.2025 во 10:15
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

    Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

    Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

    Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, почнал процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

    По повод Денот на македонската револуционерна борба, во НУ Македонски народен театар ќе се одржи свечена академија „Од идеја до држава“, на која обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.

    Собраниска делегација, пак, составена од пратениците Катерина Димитровска и Малиша Станковиќ, ќе положи цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, а во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија напладне, во 12:00 часот, ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година – за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

    За остварување во областа на културата и уметноста наградата ќе им се додели на Гоце Тодоровски, актер, Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни, Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар, како и на академик Божин Павловски, писател.

    Популарно

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски

    04.12.2025 во 16:43

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.