Вчера во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка.
За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот. К.Л. била задржана во полициска станица.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Избрана најповолна понуда за 150 електрични автобуси: Условите ги исполниле две компании, најниска цена понудиле „IKARUS Electric“ и EVN
- Почнува пријавувањето штети во Кисела Вода: Рокот е 30 дена, еве што треба да поднесете
- Над 300.000 боледувања за една година: Се подготвуваат построги контроли и кратење на администрацијата
- Центарот за јавно здравје – Прилеп: Водата во Крушево е бактериолошки неисправна
- Откриена Ешерихија коли во морето, издадено предупредување за туристите – Алармантно на плажа во Хрватска
- Минчев се сретна со Тунјан: Реформите во јавната администрација мора да бидат одржливи и со мерливи резултати
- Две жени пријавиле полово вознемирување во Прилеп и Ресен
- Манасиевски: Филипче нема кредибилитет да говори за здравството и за кризата во Гостивар, одговорност да бараат од нивните коалициони партнери


