Делови од Скопје вечерва останаа без струја
Невреме го зафати попладнево Скопје, кое беше проследено со дожд и силен ветер. Во општина Аеродром снема струја и дел од семафорите не работеа.
Во одредени делови на Скопје дел од улиците беа поплавени, а поради паднати гранки од дрвја, на повеќе места имаше застој во сообраќајот.
Како што потврдија за МИА од Електродистрибуција, два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон поради што вечерва дел од Скопје е без електрична енергија.
Оттаму велат дека сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје и дека засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.
По невремето, корисниците добија струја, но по кратко време снабдувањето со електрична енергија прекина што се должи на штетата во дистрибутивната мрежа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа