Делови од неколку скопски села без вода

Дел од жителите на скопските села Ракотинци, Батинци и Љубош денеска ќе останат без вода за пиење.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во Ракотинци е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „1“ број 45.

Жителите од Батинци и Љубош ќе бидат без вода поради уличен дефект на улица „7“ број 520.

Водоснабдувањето во овие три села ќе биде прекинато се додека не се санираат дефектите. 

05.07.2022 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега