Делегација предводена од претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, престојуваше во Истанбул по повод одбележувањето на една година од апсењето на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, се наведува во соопштението од ТХП.
Во рамки на посетата, делегацијата оствари средби со вршителот на должност градоначалник на Истанбул, Нури Аслан, како и со градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш.
На средбите беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на соработката меѓу општините од двете земји, со посебен акцент на размена на искуства и развој на заеднички проекти во повеќе области од заемен интерес.
Партијата за движење на Турците најави дека ќе продолжи активно да придонесува кон зајакнување на демократскиот капацитет, билатералната соработка и развојот на партнерствата меѓу локалните самоуправи на двете земји.

