Од „ЕВН Македонија“ информираат дека утре, 13 ноември 2025 година, поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа, повеќе делови од Тетово и околните села ќе останат без електрична енергија.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат:

  • дел од градот Тетово, објектите кои се наоѓаат во близина на Прима центар,
  • селата Бродец, Вејце, Бозовце, Шипковица и Селце,
  • како и ХПП Вејачка Река и ХПП Пена.

Во Селце, прекинот ќе трае од 09:04 до 14:04 часот, а без струја ќе бидат објектите кои се наоѓаат на излез од селото кон патот за Вејце.

Exit mobile version