Дел од жителите на општина Центар утре ќе останат без вода за пиење, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекин во водоснабдувањето ќе има на одредени делови од улиците „Тодор Александров“ и „Партение Зографски“.
Како причина за прекинот се наведува поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците „Тодор Александров“ и „Периша Савелиќ“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот наутро и ќе трае до целосно завршување на работните активности.

