Дејвид Бекам стана пчелар (ВИДЕО)
Фудбалската, а може да се рече и модна икона, Дејвид Бекам изолацијата одлучи да ја искористи на продуктивен начин.
Тој на својот профил на Инстаграм со обожавателите сподели видео-снимка во која прави кошница за пчели.
Снимката го прикажува Бекам како фокусирано и вешто ракува со чекан. Но, кошницата сѐ уште е во рана фаза. Во исто време, Викторија Бекам ја објаснува процедурата и коментира дека убаво да се има свој мед.
22.06.2020 - 18:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа