Дејан Миличевиќ за коронавирусот: Лекарите изгубија надеж дека ќе ме спасат
Српскиот режисер и моден фотограф, Дејан Миличевиќ, веќе две недели е во болница во Белград, каде што се лечи од корона. Во интервју за „Пинк“ тој вели дека сега се чувствува малку подобро, но дека леарите едвај успеале да го спасат оти вирусот се проширил на двата бели дробови и ситуацијата дополнително му се искомплицирала.
„На моменти бев во агонија. Едвај останав жив. Короната се прошири брзо, а лекарите мислам дека во еден момент изгубија надеж дека ќе преживеам. Останувам во болница уште една недела, па ќе се лекувам од дома“, рекол Миличевиќ.
Тој додал дека луѓето мора да гледаат оптимистички на целата ситуација, но дека не смеат да се опуштат и да заборават на препораките за заштита.
„Не одете по сплавови, ноќни клубови, на затворени места. Јас се заразив од другарка што ме изгушка и баци оти не сме се виделе долго време, а не знаела дека е заразена. Беше страшно, две недели температура и кислород. Ми претстои тешко опоравување за да се вратам на старо. Ама, веќе никаде нема да одам без маска и нема да терам српски обичаи да се бацувам за да се поздравам со некого“, додал тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа