Дејан Миличевиќ веќе две недели е во болница поради коронавирусот: „Едвај останав жив“

 

Дејан Милиќевиќ веќе две недели е во болница во Белград, каде што се лекува од коронавирусот.

Во интервју за „Пинк“ тој вели дека сега се чувствува малку подобро, но дека лекарите едвај успеале да го спасат бидејќи вирусот се проширил на белите дробови и ситуацијата дополнително му се комплицирала.

– На моменти бев во агонија. Едвај останав жив. Короната се прошири бргу, а лекарите мислам дека во еден момент изгубија надеж дека ќе преживеам. Останувам во болница уште една недела, па ќе се лекувам од дома – открива Милиќевиќ.

Познатиот балкански режисер и фотограф дoдава дека луѓето мора да гледаат оптимистички на целата ситуација, но дека не смеат да се опуштат и да заборават на препораките за заштита на јавното здравје.

– Не одете на сплавови, во ноќни клубови, на затворени места. Јас се заразив од другарка што ме изгушка и бакна затоа што се немавме видено долго време, а не знаеше дека е заразена. Беше страшно, две недели температура и кислород. Ми претстои тешко закрепнување за да се вратам на старо. Ама веќе никаде нема да одам без маска и нема да терам српски обичаи да се бакувам за да се поздравам со некого – додал тој.

За потсетување, Дејан имаше мозочен удар во 2018 година, а три години пред тоа беше во болницата каде што имаше операција на простата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега