Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави детален извештај за состојбата на тереноб до 09:00 часот, по последните врнежи од снег во државата. Според информациите, во неколку региони се соочуваат со проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.

Битолски регион

Во Општина Крушево, на регионалниот пат Крушево – Пуста Река (пат од втор приоритет), ќе се интервенира во претпладневните часови. Патот е прооден за теренски возила и возила со соодветна зимска опрема.

Во Општина Демир Хисар, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се корисниците во селото Големо Илино. Екипите на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Охридски регион

Во Општина Кичево има патни правци кон планинските села кои сè уште се чистат, а се очекува истите да бидат целосно расчистени во текот на денешниот ден.

Штипски регион

Во Општина Виница, на повисоките населени места, има појава на голомразица и се препорачува внимателно управување со возилата.

Кумановски регион

Во Општина Ранковце, во текот на денешниот ден ќе се работи на расчистување на патните правци кон селата Герман и Огут.

Скопски регион

Од ЈСП Скопје известуваат дека мал број автобуси од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации. Станува збор за автобусите со броеви: 11, 64, 74, 80 и 81.

Exit mobile version