Вчера во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version