Дедо со „рено“ се судри со возило на МВР: Полициска службеничка и уште едно лице завршија во болница

На 18.08.2022 во 08.35 часот било пријавено дека на крстосница од регионален пат Велес – Скопје, со локален пат од с.Марино кон с.Идризово се случила сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило „рено “, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(78) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле полициска службеничка која била сопатничка во возилото „шкода јети“ и возачот на „рено“, В.К., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. Увид  извршила екипа СВР Скопје.

19.08.2022 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега