Две лица од Република Албанија, 26-годишниот К.Л. и 16-годишна малолетничка, се лишени од слобода вчеравечер во Тетово по инцидент поврзан со паркирање. Според СВР Тетово, инцидентот се случил околу 16:00 часот. П.И. (34) од Тетово пријавил дека по вербална расправија за паркирано возило „фолксваген“ со албански таблички, бил физички нападнат. Во нападот, К.Л. се обидел да употреби остар предмет, додека малолетничката го удрила тетовецот со тврд предмет. Полицијата ги пронашла и привела сторителите во 20:00 часот, а по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
- И Куба остана без струја
- (ВИДЕО) Иран се обиде да го убие Трамп
- Паднаа четворица дилери од Скопје и Кратово
- Путин повторно се заканува: Русија би можела веднаш да ги запре испораките на гас за ЕУ
- Бомба пронајдена во двор на викендичка во Ваташа
- Ирак во целосен мрак: Целата земја остана без струја
- Орбан: Унгарија останува надвор од војната
- Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот


