Априлијада 2026 – забава за сите генерации!

Денот на шегата е потсетник дека радоста, смеата и детската безгрижност се најубавиот украс на секојдневието, напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски..

На 1 април, кога насмевките се најискрени а фантазијата нема граници, им даваме простор на децата да бидат токму тоа што се, креативни, разиграни и среќни.

„Денес се одржа манифестацијата „Априлијада“, која по неколку години застој повторно ја вративме таму каде што припаѓа, кај нашите дечиња.

ГТЦ беше исполнет со смеа, бои и енергија, создавајќи атмосфера што долго ќе се памети.

Во рамки на програмата се одржа ревија на маскирани деца, збогатена со танцови точки и настапи на балетската секција при Детскиот културен центар – Карпош.

Публиката уживаше во изведбите на балетските студија „Брејк а лег“ и „Марбал“, како и во настапите на „Златните славејчиња“ и „Театар за тебе“, кои внесоа дополнителна магија на сцената“, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски заедно со директорката на Детскиот културен центар, д-р Билјана Лалчевска-Серафимовска, додели таблети на учесниците од ликовниот конкурс, како симболична награда за нивната креативност и труд.

„Возобнувањето на „Априлијада“ е порака дека ќе продолжиме да создаваме вакви моменти, бидејќи нашите деца го заслужуваат најдоброто.

Ви благодарам за прекрасниот ден!“, истакна Ѓорѓиевски.

Exit mobile version