Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дебармаалските средби и серенади го оживеаја боемскиот дух на Скопје по 24ти пат  

    Дебармаалските средби и серенади го оживеаја боемскиот дух на Скопје по 24ти пат  

    14.02.2026 во 12:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По јубилеен 24ти пат, веселиот дух на Дебармаалските средби и серенади и оваа година одекна низ култните улици на Скопје во облик на петчасовно воспевање на љубовта како највисока вредност, а виното – најголем земен благодат. По повод Св. Трипун и Св. Валентин, околу 50 учесници продефилираа низ градот под водство на проминентниот уметник и хуманист, Живко Поповски – Цветин, претворајќи го вчерашниот ден во раскошна ода за радоста на постоењето.

    Манифестацијата, која е во организација на македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет” – Скопје и во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар и Општина Центар, го задржува својот инклузивен карактер, обединувајќи ги сите поклоници на уметничкиот израз – од префинетиот традиционален мелос и игра, нежна проза и поезија,  па сè до автентичните традиционални вкусови.

    Програмскиот концепт е содржан во неколку симболични активности, почнувајќи од церемонијалното отворање: учесниците, заедно со триесет ученици од ООУ „Коле Неделковски” закроија лоза и лансираа порака за универзален мир во реката Вардар од мостот кај Жабарот. Процесијата продолжи низ Градскиот парк, каде со достоинствено поклонување пред споменикот на Гоце Делчев, учесниците го реафирмираа неговиот аманет за светот како поле за културен натпревар меѓу народите.

    Низ улицата „Боемска”, а потоа и во кафеаните „Скопски мерак” и „Дебар Маало”, звуците на серенадите се преплетуваа со инспиративни беседи за виното и љубовта. Моментумот на славењето продолжи кон улицата „Дебарца” и кафеаната Антица, каде се наздравуваше со земјени чаши – експонати од Најмалиот етнолошки музеј во светот од Џепчиште, тетовско. Кулминацијата се случи на улицата „Костурски херои”, каде беше оживеан ритуалот на дарување од балконите – се фрлаа вода, цвеќиња, бонбони и паричка, а симболиката беше следна: оние што ќе ги фатат бомбоните и цвеќето ќе се заљубат, оние што ќе ја фатат паричката ќе прават свадба, додека пак оние што ќе бидат испрскани со водата да размислат за претходните две можности.

    Своевидниот епилог беше одбележан со кршење на „Дебармаалска погача” во пекарата „Силбо”, каде Цветин преку својот уметнички израз ја испрати пораката „леб за сите”. Официјалното затворање на настанот се одигра во слаткарницата „Апче” со торта и боза – за „благи разговори” како основа на мирот.

    „Од љубовта се умира, за неа се умира, но токму низ неа и се оживува –  ние сме нераскинливо врзани со нејзината моќ“ –  изјави Цветин кој укажа дека оваа мисла е јадрото на Дебармаалските средби и серенади. А благородната традиција ќе продолжи да пулсира во нашата земја, негувана како од денешните протагонисти, така и од идните генерации на “помлади повозрасни” во и надвор од здружението „Гороцвет”, кои во себе ја носат истата верба во убавината на заедништвото.

    Празничната атмосфера беше збогатена со музичките изведби на ансамблот за народни песни „Вања Лазарова” и хорот „Елегија”, како и на истакнатите вокални интерпретатори: Вики Среброва, Верица Ристевска, Љупчо Јовановски и Серафина Фантаузо. Поддршка на овој настан со своето присуство дадоа и: Горан Анчевски, Весна Дамчевска Илиевска, Христо Петрески, Мендо Димовски, Валентина Ѓеоргиевска Парго, Лидија Лучко Јеремиќ, Ванѓа Радевска, Драгица Пандиловска, Оливера Јовановска и Симеон Златев.

    Генезата на првите Дебармаалски средби и серенади датира од 2002 година со отворање на изложбата „Цвеќе на мирот” во галеријата Флора Арт, Дебар Маало. И тогаш, како и сега, настанот измами солзи радосници кај повозрасните граѓани кои ги поздравуваа учесниците од своите балкони – се евоцираа спомени од младоста и се врати свежината на едно Скопје кое не се заборава.

    Популарно

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“

    06.03.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.