Давитковски: Правилата се јасни, министерот му поднесува оставка на премиерот, не на спикерот

 

Министерот оставка може да поднесе до премиерот, а не до Собранието од причина што премиерот е тој кој ги именува министрите, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски.

Тој во изјава за „Слободен печат“ рече дека правилата се јасни.

– Оставка се поднесува до мандаторот кој вас ве предложил. Нема што министерот да му поднесува оставка на спикерот Талат Џафери. Заев е мандатар, тој форимирал влада, а Филипче е тим од владата. Ако ја прифати премиерот оставката, на негово место ќе предложи друг за кој потоа ќе се изјасни Собранието. Собранието само гласа тоа што ќе му предложи мандаторот. ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе барање за разрешување на министерот, но мора убаво да ги образложат причините по кои Собранието ќе расправа и сето тоа пак ќе се сведе на интерпелација. Ваквите изведби на ВМРО-ДПМНЕ се игри за ситни политички поени. Правилата се јасни, вели професор Давитковски.

Претходно претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски постави ултиматум до првите луѓе во здравство. Министерот Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани до вторник наутро своите оставки да ги достават до Собранието. Во спротивно, како што најави Мицкоски, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-одлука за разрешување. 

12.09.2021 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега