Дарко Лазиќ го загуби својот брат Драган , кој загина во сообраќајна несреќа кога неговиот мотоцикл се судри со патничко возило.
Пејачот скршен од болка, придружуван од пријатели, колеги и членови на семејството е во родната куќа.
Дарко со солзи во очите и скршен од болка, сепак најде сила да им се обрати на новинарите кои вечерва се пред неговиот дом.
– Ќе бидам многу краток, нема да зборувам многу. Не знам што да ви кажам. Изгубив голем дел од себе, сето ова ми етешко затоа што го држев и го изгубив. Само барам малку разбирање. Ви благодарам што дојдовте, немам повеќе сила, зборови или солзи. Изгубив половина од себе, половина од мојот живот, половина од моето срце, мој најмил, што не би му го посакал на никого, изјави Дарко Лазиќ.
Братот на Дарко Лазиќ трагично го загуби животот денес на пат кон својот дом. Драган Лазиќ почина враќајќи се накај дома откако претходно поминал време со својот брат Дарко.

