Данска ги укина сите мерки, премиерката со порака: Вечерва може да ја вратиме насмевката

Данска е првата членка на Европската унија која одлучи да ги укине сите епидемиолошки мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави премиерката Мете Фредериксен.

Таа на прес-конференцијата рече дека одлуката е донесена затоа што не се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти заразени со омикрон сој на ковид, како и бројот на починати, а голем процент од населението е имунизирано.

„Вечерва можеме да ја вратиме насмевката на нашите лица. Имам неверојатно добри вести - конечно можеме да ги укинеме последните рестриктивни мерки“, рече Фредериксен, пренесува Politico.

Одлуката е донесена по препорака на Епидемиолошката комисија и ја поддржаа сите парламентарни партии, а официјално ќе стапи на сила од 1 февруари.

Укинувањето на сите мерки доаѓа во време кога во Данска се шири новата подваријанта на омикрон, БА.2, што дополнително го забрза ширењето на вирусот, така што денеска се регистрирани 46.000 нови случаи.

„Во следните пет недели видовме екстремно високи стапки на инфекција, главно од почетокот на пандемијата, така што одлуката за укинување на сите мерки може да изгледа чудна и парадоксална, но експертите веруваат дека е оправдана“, рече Фредериксен.

 

26.01.2022 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега