Даниловски: Пикот ќе настапи во следните седум дена

Епидемиологот Драган Даниловски даде изјава за „ТВ24“ и кажа дека нема потреба од нови рестриктивни мерки, иако се зголемува бројот на позитивни случаи.

Даниловски очекува бројот на заразени лица да се намалува од следниот месец.

„Рестрективни мерки не се потребни, потребно е само да продолжат досегашните мерки, за носење маски во затворени простори, ова треба особено да важи за ранливите категории. Новиот сој на Ковид-19 ќе ја полни статистиката додека не прегори. Пикот ќе настапи во следниве седум дена и веќе во септември се очекува бројките да стивнат“, кажа Даниловски.

03.08.2022 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега