Екс градоначалничката Данела Арсовска во писмено соопштение испратено до Антикорупцинерите потенцира дека од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба до ДКСК по престанокот на функцијата градоначалник. Остро реагираше дека требало да ги известат по мејл, а не преку медиумите.

„Ве известувам дека денес 17.12.2015 година (среда) од медиумите дознав информација која сте ја пуштиле како соопштение дека согласно член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, постои обврска за поднесување изјава за имотна состојба. Сите оние кои не се реизбрани и на кои им настанал престанок се најдоа на листата која сте ја лиферувале, а истото потекнува ОД ОЧИГЛЕДНА НЕИНФОРМИРАНОСТ ОД ВАША СТРАНА за постоење на таква обврска.

Доколку ја извршувате вашата функција соодветно и доследно нема тенденциозно да покренувате јавен линч за деградација, БИДЕЈЌИ ДА СТЕ БИЛЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ и да сте го застапувале законот, ЌЕ НЕ ИНФОРМИРАВТЕ ЛИЧНО ЗА ОБВРСКАТА ИЛИ СО СООПШТЕНИЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ, ете баш на истиот начин на кој за жал настапивте за да си направите себепромоција дека не се поднесени изјави за престанок.

Добро ќе беше да сработите нешто за МУЛТИ МИЛИОНСКАТА КОРУПЦИЈА во Македонија и сериозните криминали кои се случуваат вклучувајќи ги и институционалните непостапувања за случаи како загадувањето од страна на УСЈЕ или трагедијата во Кочани, наместо да се заканувате со прекршочни глоби за која обврска не сте не информирале, а очигледно сите 35 поранешни градоначалници кои не продолжуваат мандат не знаеле за постоењето на оваа одредба.

Да си ја вршите работата како треба и соработувате со институциите, на почетокот на мандатот ќе ги информирате за постоењето на обете обврски.

Ве информирам дека со оваа ИЗЈАВА за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата градоначалник ве информирам дека немам никакви промени согласно денот на завршување на мандатот.

За крај би сакала да ме информирате по писмен пат на овој е-маил, на кој начин ја креиравте листата која ја лиферувавте низ јавноста каде како број 1. сте го објавиле моето име? Дали е истото сторено по азбучен ред, по возраст, по пол, по тоа кој е најсиромав или по ваше лично убедување како и кому најмногу да се осветите и да наштетите со Вашите небулози.

Ви благодарам за соработката и во очекување на Вашиот одговор на моите прашања ве поздравувам“, стои во реакцијата на Арсовска.

Exit mobile version