Дали изборите во Гостивар може да го означат и официјалниот крај на коалицијата која орбитира околу ДУИ е прашањето на кое веројатно одговорот ќе дојде брзо, особено ако се знае дека собранискиот Претседател Африм Гаши денеска и официјално ги распиша повторените локални избори во четирите општини кои не го стигнаа цензусот по првиот круг.
Тоа значи дека почнуваат да течат и роковите меѓу кои и оние за кандидирање на кандидати што веројатно ќе го даде и одговорот за соработката внатре во ДУИ, пред се онаа со Арбен Таравари кој непосредно пред локалните избори си замина од Владата и се приклучи на опозицијата.
По пропаднатиот изборен процес во Гостивар каде кадарот на Таравари се обидуваше да го задржи мандатот кој лично Таравари му го остави кога замина во Владата, извори од ДУИ не ја исклучуваат можноста и тие да предложат свој кандидат во оваа општина. Тоа дефинитивно ќе значи силен удар за Таравари кој ќе остане практично без речи си никаква власт. Тоа би можело да биде сигнал и за дел од неговата пратеничка група по што некој од пратениците може да прелета во јатото на власта.
Неодамна дојде и оставката на Лога, која како што тој рече доаѓа од лични причини по што тој се повлече од сите места во партијата. Иако причините се можеби лични, факт е дека оставката доаѓа по катастрофата на локалните избори по кои ниту една партија од коалицијата на ДУИ не доби градоначалник.
ДУИ најави конгрес пред крајот на годината по кој најавува промени во раководството, но тие веројатно нема да го опфатат Ахмети. Останува отворено прашањето дали покрај промени во раководството ДУИ ќе мора да се соочи и со промени во коалицијата.
Актуелно
- Детали за трагедијата во Кавадарци: Бебето било примено поради повраќање, состојбата нагло се влошила по два дена
- Македонија и САД ги зацврстуваат односите: Реформите и инфраструктурата во фокусот на средбата Николоски-Агелер
- Андоновски потпиша налог за блокирање на уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа
- Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари
- Филмска брканица во кумановско: Со „ауди“ удрил полицаец, па избегал, полицијата пукала
- САД го продолжија рокот: „ЛУКОИЛ“ доби уште 45 дена за продажба на странскиот имот
- Муцунски ги смирува граѓаните: Паузата за американски визи важи само за иселениците, туристите патуваат слободно
- Гаши најави нов оглас за избор на нов член на Судскиот совет

