Close Menu
    Најново

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени

    30.12.2025 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови
    • Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Дали дојде време за збогум – каде оди Ахмети по катастрофата на ДУИ

    Дали дојде време за збогум – каде оди Ахмети по катастрофата на ДУИ

    04.11.2025 во 10:45
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Демократската унија за интеграција (ДУИ), како водечка партија во коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), го доживеа најтешкиот изборен пораз во својата политичка историја.

    Според првичните резултати, ДУИ победи само во четири рурални општини – Студеничани, Чашка, Липково и Пласница. Урбаните бастиони Струга и Кичево, кои со години беа симбол на нивното влијание, овојпат преминаа во рацете на коалициските партнери ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ.

    Ахмети го призна поразот: „Време е за обнова и самокритика“

    Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по објавата на резултатите јавно го призна поразот, нагласувајќи дека за партијата следи период на „обнова и самокритика“.
    Тој сепак истакна дека ДУИ на национално ниво добила над 23.000 гласа повеќе од ВРЕДИ, но дека конечниот резултат бил „последица на уцените на државниот апарат и непринципиелните коалиции“.

    По неговото обраќање, централното партиско седиште во Мала Речица беше затворено, а атмосферата таму беше тивка и без вообичаеното славје.

    Дали се тресе фотелјата на Ахмети

    Веројатно не.
    Колку и да изгледа чудно, Ахмети е веројатно единственото сврзно ткиво на ДУИ. Партијата која гради култ околу неговиот лик, веројатно и нема да може да протурка низ процесот на регенерација. Ахмети во моментов го има првиот и последниот збор во Мала Речица па негова смена на конгресот кој партијата го најави пред крајот на годинава е тешко веројатен епилог.
    Дека не планира да си замине потврди и самиот тој вечерта кога го призна поразот за кој рече дека е победа бидејќи на советничките листи освоил поголем број на гласови.

    Коалицијата загуби на куп

    Поразот ДУИ веројатно ќе го боли повеќе ако на се се додаде дека на овие избори како и на претходните тој влезе во коалиција со голем број на партии. Иако ниту една од нив од овие избори не доби свој градоначалник сепак заедничкиот настап е доволен да се констатира дека Вреди ги победи на локалните избори сите албански партии на куп.

    Клучните прегласувања во Гостивар и Врапчиште

    Судбината на дел од општините ќе се решава на прегласувањето во Гостивар и Врапчиште, каде кандидатите на ДУИ освоија најмногу гласови, но изборите беа поништени поради недостигање цензус.

    Особено ќе биде интересно да се види што ќе му направи на ДУИ прегласувањето во Гостивар. Надолнината по која се движи колата на ДУИ може да ги натера коалиционите партнери, пред се Таравари кој има историја на меѓупартиски миграции а е клучен во општина Гостивар да се реши за нова политичка авантура.

    Таквиот развој на настаните може да доведе до целосен распад на коалицијата но и силен удар врз ДУИ кои веќе ја немаат зад себе приказната за легитимитетот на албанските гласачи.


    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.