Дали Данка починала од ударот или била задавена? Обдукцијата ќе ја утврдува причината за смртта

 


Телото на убиената Данка Илиќ се уште не е пронајдено, точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата.

Обдукцијата ќе покаже дали Данка починала од ударот на автомобилот или еден од осомничените ја задавил по ударот.

Припадници на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, го уапсиле С.Ј. и Д.Д., двајцата од Бор, поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, се вели во соопштението на српското МВР.

Веста дека е убиена Данка Илиќ утрово ја соопшти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

04.04.2024 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега