СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С. (39) од Турција, со престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според пријавата, на почетокот на јануари 2026 година, тој измамил 59-годишен жител на Тетово за сума од 3.000 евра.
Како што информираат од полицијата, во продажен објект во Тетово, 59-годишникот се договорил со пријавениот да купи стока, за која му исплатил 3.000 евра како аванс. Остатокот од договорената сума требало да го плати по испораката на стоката.
Меѓутоа, според пријавеното, стоката не била испорачана, а пријавениот не ги вратил ниту уплатените средства.


