Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини

    22.03.2026 во 16:06

    Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино

    22.03.2026 во 15:56

    Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола

    22.03.2026 во 15:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини
    • Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино
    • Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола
    • Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува
    • Крај на приватноста на Инстаграм: „Мета“ ја укинува заштитата, вашите пораки повеќе нема да бидат тајна
    • Крвава ноќ во Скопје: Тепачки со кундаци, нападнати малолетници и полицајци
    • Апсења во Скопје: Приведени седум лица
    • Црн ден во Македонија: Пронајдени починати три лица, две од Скопје, едно од Куманово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дај 300.000 евра или ќе те убијам: Сериозни закани за познат скопски бизнисмен

    Дај 300.000 евра или ќе те убијам: Сериозни закани за познат скопски бизнисмен

    10.10.2025 во 10:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение дека изнудувал 300.000 евра од Роберт Хот, на кого му се заканувал со ликвидација доколку не ја исплати бараната сума, јави Плусинфо.

    Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот бизнисмен Роберт Хот пријавил дека непознато лице со сериозни закани по неговиот живот бара огромна сума пари. Полицијата веднаш постапила и во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје започнала тајна акција за спречување на изнудата.

    На 8 октомври 2025 година, во рамките на полициските активности, од оштетениот биле привремено одземени 20.000 евра во различни апоени, кои биле крим-технички обработени заради идентификација. По утврдување на нивната оригиналност, парите му биле вратени на Хот, за да ги предаде на сторителот кој требало да ги земе следниот ден во неговата канцеларија.

    На 9 октомври, при самото примопредавање на парите, полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле заседа и го уапсиле осомничениот Сологуб. Кај него биле пронајдени обработените 20.000 евра и патна исправа на Република Босна и Херцеговина.

    Лицето е задржано за понатамошна постапка, а полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуални соучесници.

    Популарно

    Хаос на границите од утре: Транспортерите од регионот повторно ќе блокираат гранични премини

    22.03.2026 во 16:06

    Разбојништво во Скопје: Вооружено лице за еден час нападна продавница, обложувалница и казино

    22.03.2026 во 15:56

    Хаос на патиштата – Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување, дури осуммина немале ниту возачка дозвола

    22.03.2026 во 15:47

    Ја фрлил сопругата по скали – Семејното насилство во Македонија не стивнува

    22.03.2026 во 15:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.