Да му помогнеме на Методија Зврцинов, млад човек и татко на две малолетни деца, кој се соочува со тешка здравствена битка – карцином на желудник.

На Методија му е потребна итна медицинска интервенција и лекување во странство, за што се потребни значителни финансиски средства кои неговото семејство не може самостојно да ги обезбеди. Неговите најблиски и пријателите апелираат до сите граѓани, компании и институции да покажат солидарност и да помогнат во собирањето на неопходната сума.

Секој денар е важен во оваа трка со времето.

Методија е голем борец, но во овој момент му е потребна поддршката од пошироката заедница за да може да го надмине ова искушение и да им се врати на своите деца и секојдневниот живот. Семејството упатува огромна благодарност до сите кои веќе донирале или ја споделиле оваа информација, со надеж дека хуманоста повторно ќе победи.

„Да му помогнеме на Методија да ја добие оваа битка. Вашата поддршка му дава сила и надеж дека повторно ќе биде со своите најмили“, стои во апелот.

Exit mobile version