Д-р Тиодоровиќ предупредува: Опуштање не смее да има, се јавуваат и семејни инфекции

Епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ рекол дека епидемиолошката крива во Србија е израмнета на високо ниво и дека секој ден треба да има барем 20 до 25 отсто потврдени од вкупниот број тестирани.

„Во последните неколку денови ни расте бројот на прегледи во ковид амбулантите што говори дека вирусот е тука. Се јавуваат дури и семејни инфекции и мораме да сметаме дека поради убавото време, дојде до поголемо опуштање затоа што не се користени сите мерки кои се предвидени“, истакнал Тиодоровиќ.

Според него, сето тоа ќе доведе до благ пораст, и веќе се гледа дека ковид болниците и понатаму имаат голем број на пациенти, тоа може да се поправи само ако бидеме многу одговорни.

Тиодоровиќ вели дека опуштањето на мерките може да се разбере, психолошки ова е многу тежок проблем, трае предолго, но е сигурен дека целиот медицински дел на Кризиниот штаб мисли дека е многу важно да се одржи наредните денови ситуацијата барем на ова ниво, да се почитуваат мерките, да нема попуштања, да диздржиме додека вакцината се спроведува.

Тиодоровиќ рекол дека ако вакцинацијата оди побрзо, да зафати три милиони луѓе со вакцинација и да се смири ситуацијата, тогаш на лето можеме да излеземе од оваа ситуација и да влеземе во контролирана ситуација и можеме да одиме на летување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2021 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега