Д-р Пановски: Намалениот број на заразени не значи дека треба да се опуштиме и веднаш да се вратиме на работните места

Намалениот број на заразени со Ковид-19 не значи дека треба да се опуштиме и веднаш да се вратиме на работните места доколку професијата дозволува работа од дома вели за „Фокус“ професор д-р. Никола Пановски за „Фокус“.

-Не сум многу запознаен со овој предлог, но она што можам да го кажам во моментот е да не се избрзува со вакви одлуки туку пожелно е да се почека пролетта кога просториите ќе може повеќе да се проветруваат и секако да пристигне вакцината и да почнеме со процесот на имунизација, порачува Пановски.

Според него залудни би биле досегашните напори во однос на мерките ако сега целосно се препуштиме на олабавување.

-Навистина не е време, се уште има голем ризик од заразата, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега