Д-р Ненад Коциќ: Да се продолжи зимскиот распуст за уште најмалку две недели

 
Д-р Ненад Коциќ, денеска јавно го искажа својот став во врска со започнувањето на второто полугодие од оваа учебна година. Д-р Коциќ смета дека зимскиот распуст треба да продолжи уште најмалку две недели, а најдобро според него, е наставата за започне со физичко присуство.
 
„Денес добив повеќе прашања околу почетокот на второто полугодие од оваа учебна година:
1. Комисијата за заразни болести ќе даде препорака во текот на утрешниот ден
2. Мојот личен став и препорака е ДА СЕ ОДЛОЖИ ПОЧЕТОКОТ најмалку две недели
3. Најдобро е наставата да продолжи со физичко присуство, зависно од епидемиолошката состојба
4. Сигурен сум дека Владата ќе донесе НАЈДОБРО решение во интерес на заштита на здравјето на децата и наставниците и успешно продолжување на образовниот процес“, се вели во постот на д-р Коциќ.
 

17.01.2022 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега