Д-р Масерати објаснил: Лекот против Ковид 19 цело време ни е тука, вирусот бега од бактерии како ѓавол од темјан

Професорот на српскиот Медицински факултет, Горан Белојевиќ, во јавноста познат како и д-р Масерати, се појавил со везир и објаснил зошто смета дека проибиотиците се единствениот лек против короната.

„Јас тврдамвеќе 6 месеци дека оваа пандемија може да се запре само со пробиотици. Нема да кажам дека сум единствена на светот, но една многу мала група научници за тоа зборува, едноставно постои ембарго да се зборува за тоа, но јас се држам за тоа упорно“, рекол д-р Горан Белојевиќ и ја обвинил фармацевтската индустрија дека од пандемијата прави бизнис.

„Пробиотиците не се интересни, нема тука пари“, констатирал тој.

Според него, имунологијата во јавноста се сведува на приказни за антитела, а на сметка на Т-ќелискиот имунитет.

„Постојат бактерии во нашите црева, тоа е една незамислива армија од која вирусот бега како ѓавол од темјан“, вели д-р Беловиќ и препорачува пробиотици за постигнување баланс во организмот.

„Во кефирот се млечнокиселниските бактерии кои се размножуваат во нашите црева и прават баланс. Балансот е најважен во имуниот одговор. Не сме да биде мал, но не смее да биде ни голем одговорот што се случува сега. Преголемиот одговор ги убива луѓето“, истакнал д-р Беловиќ.

Исто така ја истакнал предноста на везирот во однос на заштитната маска.

„Бев вчера во ресторан и ова е апсолутно решение за рестораните. Луѓето таму седат без никаква заштита, затоа што како би јаделе со маска? А, со визирот може. Од друга страна нема контакт со лицето, што е особено важно“, појаснил докторот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега