Д-р Љума: Наместо модуларна можело да се адаптира посебен простор во болницата

 

Поранешниот заменик министер за здравство, д-р Илир Љума од Тетово смета дека монтажните болници, каква што беше тетовската се градат во војна и по правило надвор од населено место. Во изјава за Канал 5 тој вели дека вината за трагедијата во Тетово треба да се бара и во насоките од СЗО кои препорачаа да се градат.

Вели дека немало потреба од модуларна, бидејќи цврстата градба на Клиничкиот центар има доволно простор за да се адаптира.

-Со иницијативата, мислам дека, на СЗО, со парите на Светската банка, пари кои се дадени како кредит, не се поклон, многу брзо дојдовме до такви модуларни болници за кои, за неколку место во Македонија имаше забелешки за нивниот начин на пуштање во употреба. Моето мислење е дека  можеше да се избегнуваат евентуалните проблеми кои инаку се случуваат во такви монтажни болници, особено од таков вид, или би рекол нездрав материјал за изградба. Можеше да се адаптираат постоечките згради и институции, простории ширум Македонија зашто такви има, вели д-р Љума.

Тој вели дека граѓаните се плашат лекуваат во тетовската болница

-Постои страв сега веќе, тоа е психолошка категорија. Страв кај луѓе, дури и во болница да одат, вели д-р Љума.

16.09.2021 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега