Д-р Лазаров: Текстот кој лекарската комора го прати на матичните лекари за употреба на ивермектин е плагијат

Докторот Ненад Лазаров на преку објава на својот Фејсбук профил обвини дека текстот кој лекарската комора го испратила до матичните лекари за употреба на ивермектин е плагијат.

 „Каква срамота е ова?
Вчера Лекарска Комора на мејл кај лекарите низ Македонија дисперзира текст насловен:
“МИСЛЕЊЕ ЗА УПОТРЕБА НА ИВЕРМЕКТИН КАЈ ПАЦИЕНТИ СО COVID-19
Од стручниот колегиум за ЈЗУ Униоверзитетска клиника за пулмологија и алергологија и COVID-19 центрите при интернистичкиот блок ”

Го објавив интегрално. Текстот е плагијат, автор на оригиналниот текст е Марјан Божиновски (кој нема никаква врска со наведениот колегиум) и истиот е објавен во списанието Емитер во Август годинава. Ова е голем скандал и за ова треба некој да одговара“, напиша Лазаров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега