Д-р Кон објасни зошто и понатаму има голем број заразени: Не водат сметка додека не се зарази нивен близок

 

Епидемиологот Предраг Кон смета дека и покрај помалиот број на регистрирани случаи во изминативе денови, голем број на луѓе и понатаму се заразуваат.

Тој истакнал дека луѓето не ги почитуваат мерките додека не видат дека некој нивни се заразил и најавува дека не би требало да има рестриктивни мерки, пренесува РТС.

Докторот вели дека за закривување на кривата може да се зборува доколку во сите болници во светот опадне бројот на заразени.

Во големите градови доволен е еден инцидент да дојде до ширење на вирусот, објаснил Кон, доколку е вирусот силен и налета на некоја чувствителна група.

Тој додал дека нема потреба од рестриктивни мерки.

„Не би требало да има рестриктивни мерки, треба да ја следиме ситуацијата, но не на начин таа нас целосно да не обземе, затоа што ќе мораме да живееме со вирусот до вакцината, која се уште ја чекаме“, рекол Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега