Д-р Кон ги анализирал бројките за смртност од коронавирус и открил до какви заклучоци дошол

 

Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, доктор Предраг Кон откри дека прави анализа на смртноста на територија на Белград за да се добијат прецизни податоци за бројот на жртвите на Ковид-19.

-Многу е важно да се сфати дека тие податоци, кога е аналитиката во прашање, како потврда за смрт во заводот пристигнуваат два месеци после смртта, така што во овој момент ги имам само податоците до јуни икога ќе го погледнете Белград, тоа може да го гледате на различни начини - рекол на почетокот на своето истражување во гоастувањето на ТВ Прва.

Тој истакнал дека треба да се знае што е она што е непосредна, основна причина за смртта.

-Има дијагнози кои се многу веројатно поврзани со ковидот. На пример, од пневмонија како основна причина за смрт починале 29 лица, претходно нема ниту еден таков случај. Потоа бронхопневмонија, неозначена пневмонија...Кога тоа ќе се собере се добива она што е непосредно пријавено како потврдено или непотврдено, 210 смртни случаи во Белград до јуни - објаснил Кон.

Тој повторно се осврнал и на модело кој го применила Шведска во борба против коронавирусот, каде е забележана значително поголема стапка на смртност.

-Тоа е модел каде скоро ништо не преземате туку го пуштате вирусот да се пренесува и практично да зема жртви и затоа во Шведска има голем број жртви. Се поставува прашањето што ние правевме, колку жртви имаме, а тоа нешто што јас го правам низ оваа анализа - рекол д-р Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега