Д-р Даниловски: Пикот од омикрон сојот допрва доаѓа

Епидемиологот, д-р Драган Даниловски смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би достигнал врв токму крајот на јануари и почетокот на февруари.

-Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока, изјави тој за Нова Македонија.

Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите.

-Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.

15.01.2022 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега