ЦУК: Загинал мигрант од струен удар на покрив од воз во Градско

 

 Регионалниот Центар за управување со кризи Велес известува дека преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК е добиена информација дека мигрант, кој се качил на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија - Скопје, во населеното место Градско дошол во допир со кабел на електрична енергија при што лицето добило струен удар.

Случајот е пријавен во МВР и Итна медицинска помош.

- Според информациите добиени од МВР лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото. Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години, се вели во соопштението од ЦУК.

10.09.2023 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега